Комисијата за хартии од вредност трајно и' ја одзеде дозволата за вршење услуги со хартии од вредност на брокерската куќа „Мој брокер“ АД Скопје, по нејзино барање. Со трајното одземање на дозволата се исполнуваат условите за отворање ликвидација на брокерската куќа, за што КХВ ќе поведе постапка пред надлежниот суд. Комисијата, во согласност со Законот за хартии од вредност, ќе ги задолжи Македонската берза и Централниот депозитар за хартии од вредност веднаш по приемот на решението, трајно да ја исклучат од членство „Мој брокер”. КХВ на последната седница донесе решение со кое го задолжи Друштвото за управување со инвестициски фондови „Иново статус“ во рок од 30 дена да почне постапка преку која ќе се овозможи друштвото да обезбеди средства со цел во иднина самостојно и од сопствени средства да ги намирува достасаните обврски.
Комисијата за хартии од вредност трајно и' ја одзеде дозволата за вршење услуги со хартии од вредност на брокерската куќа „Мој брокер“ АД Скопје, по нејзино барање.
Со трајното одземање на дозволата се исполнуваат условите за отворање ликвидација на брокерската куќа, за што КХВ ќе поведе постапка пред надлежниот суд. Комисијата, во согласност со Законот за хартии од вредност, ќе ги задолжи Македонската берза и Централниот депозитар за хартии од вредност веднаш по приемот на решението, трајно да ја исклучат од членство „Мој брокер”.
КХВ на последната седница донесе решение со кое го задолжи Друштвото за управување со инвестициски фондови „Иново статус“ во рок од 30 дена да почне постапка преку која ќе се овозможи друштвото да обезбеди средства со цел во иднина самостојно и од сопствени средства да ги намирува достасаните обврски.